Тошковски: Ќе бидеме сурови

 

Настанот се случил во 9:20 часот. До овој момент имам само информации дека повредено лице не е во животозагрозувачка состојба. Тоа е се што знам до овој момент. СЛужбите се на терен и се постапува, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово одговарајќи на новинарско прашање утрово по нападот со бомба врз куќата на Раде Штекли во скопска Керамидница.
Тој рече дека државата сурово ќе одговори на криминалните групи и дека она што во моментов се случува по улиците е производ на долгогодишна негрижа за јавниот ред и мир.
Утрово околу 9 часот, се уште непознати лица фрлиле експлозивна направа пред домот на Раде Штекли. Тој бил повреден при нападот и е префрлен во болница, каде како што е веќе објавено, нема повреди кои би му го загрозиле животот.
Раде Штекли е мета на серија напади во последните неколку месеци. По него се пукаше и во трговскиот центар Ист Гејт и тоа неколку пати. Доби неколку прострелни рани по кои закрепна во болница.

14.11.2024 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега