Тинејџер „оперирал“ во гостиварски села – падна во рацете на полицијата

 

 

Полицијата уапси тинејџер кој извршувал тешки кражби во куќи во селата Беловиште и Балиндол.

 

-Вчера (15 февруари) околу 12.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот И.С. од гостиварско Страјане. Тој се сомничи дека заедно со уште едно лице извршил тешки кражби во куќи во гостиварските села Беловиште и Балиндол, велат од МВР.

 

 По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

 

16.02.2024 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега