Тешко злосторство во Виена: Пронајден искасапен Србин, трупот му бил во када, а рацете и нозете му ги собирале по станот

Државјанин на Србија, чиј идентитет сè уште не е утврден, пронајден е мртов во стан во Виена, а телото искасапено!

Според извори на Курир.рс телото на мажот, чиј труп бил пронајден во поодмината фаза на распаѓање, било пронајдено во кадата во бањата, додека отсечените раце и нозе биле пронајдени во други простории.

– Полицијата дошла во станот поради дојава дека таму се произведува марихуана. Во потрага по дрога, инспектори упаднале во станот. Во него немало никој, а навистина била пронајдена марихуана. Но, покрај дрогата, пронајден е и труп на маж – вели изворот на Курир.

На инспекторите од вратата им било јасно дека во станот се случило тешко злосторство.

– Само што влегле во станот виделе делови од човечко тело. Понатамошна потрага откри тело во бањата, со голема расекотина на вратот – додава изворот.

Како што открива изворот, во станот била пронајдена комплетна опрема за касапење и чистење.

– Пронајдени се фолии, најлон, хемиски средства. Се претпоставува дека намерата на џелатот била да го исече телото на парчиња и да се ослободи од него, но нешто се случило меѓу сторителите, па решиле само да го остават телото и да побегнат – вели нашиот извор.

Инаку, во станот биле пронајдени документи на тројца Срби.

-Во станот се пронајдени документи на име А.Ј, Л.Р.  и на име Ж.Ј. Сите тие се од поширокото подрачје на Белград и немаат криминално досие во Србија – додава изворот на Курир.

 

23.02.2024 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега