Тешко повредена жена во сообраќајка со велосипед и автомобил кај Брвеница

Вчера околу 21.10 часот на регионален пат Тетово - с. Волковија, поточно кај тетовска Брвеница, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(43) од тетовско Прељубиште и велосипед управуван од 57-годишната Р.Р. од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Р., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

05.07.2024 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега