Тешко повреден 79-годишен возач на мопед откако се судрил со автомобил во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 11.50 часот на крстосницата на ул.„Радишанска“ и ул.„Бел камен“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од В.М.(57) од Р.Албанија и мопед управуван од М.Р.(79) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

12.07.2024 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега