Тошковски: Шефот на обезбедувањето на Гаши доби кривична и суспензија

Шефот на обезбедувањето на собранискиот претседател Африм Гаши, С.С доби кривична пријава и суспензија од работното место за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром кој се случи пред неколку дена.

По истрагата на Внатрешната контрола на МВР е утврдено дека Синани кој е началник на одделот за лично обезбедување на Гаши, постои основи на сомневање дека ги сторил кривичните дела „Загрозување на сигурноста“ и „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. За другите двајца полицајци кои го придружувале Синани на аеродромот е поднесен Предлог за постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека тројцата полицајци од Секторот за обезбедување на личности влегле во ВИП салонот, се движеле во простории во кои немале овластување, а Синани на вработените во ТАВ им се заканувал по животот и барал тој да ја спроведе Вјоса Османи со возило до авионот.

05.08.2024 - 17:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега