Тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово, се судрија камион и автомобил
Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атaр на село Арнакија, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(30) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(39) од с.Буковиќ, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
05.03.2025 - 11:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа