Таткото на Фросина: Имаме ли неказнивост

 


На протест во  Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево беше побара одговорност за трагедијата и упатени пораки да се спречат идни, исто така и побезбедни улици, поголема свесност од сите. Неказнивоста е правен неуспех!, да не се повтори!, беше порачано на протестот.

- Ова не е само трагедија за изгубен млад живот и огромна загуба на семејството. Ова е предупредување за нас дека не сме безбедни. Оние кои треба да не штитат, се на страната на виновниците. Ни даваат порака дека нашиот живот не вреди во моменти кога треба да се заштити некој финансиски и позициски помоќен од нас, рече Софија Шутова, дел од организаторите на протестот.

На протестот присуствуваа и родителите на Фросина.
Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, порача вакво нешто да не се случи никому.

- Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата. Честитам за сенсот граѓански, не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не се исто така препознатливи дека се од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш стварно ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех, рече Кулаков.

Славе од Радовиш, татко на Викторија Николова, која пред три години загина исто така на ул.,,Партизанска" во Скопје, даде поддршка на фамилијата Кулакови кои дојдоа на плоштадот по погребот, меѓу луѓето што дојдоа да и оддадат почит на Фросина.  

Мерка притвор во траење од 30 дена му е одредена на 20-годишниот Васил Јованов кој во средата вечерта на булеварот „Партизански одреди“ удри со автомобил во 22-годишната Фросина Кулакова, која почина на самото место.

31.01.2025 - 18:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега