Тасевски: Ова што се случува е за неверување, во друга држава ова е како акт на тероризам

Претседателот на синдикатот на М-НАВ Александар Тасевски имаше прес-конференција по неговата средба во Делегацијата на ЕУ каде рече дека од таму биле запознаени со целата оваа ситуација, но тие биле на дополнителни разговори и допрецизирања.

-Кога ние разговаравме со нив и ги кажавме нашите барања, тие беа зачудени очекувајќи дека таквите барања всушност треба да бидат нормални. Ние имаме проблем на нашиот менаџмент да му покажеме дека компанијата треба да оди во нагорна линија, а не како што беше до сега. Од страна на Делегацијата ни беше понудена било каква понатамошна соработка и тие стојат позади нашите барања. Ова што се случува е навистина за неверување, вели Тасевски.

Тој додаде и дека самиот момент на упадот на лицата предизвикал шок и неверување кај другите вработени во тој момент, но оние вработени кои биле на оперативното работно место продолжиле да си ја работат својата работа.

-Не можам да кажам дека во тој момент имало некаква опасност за летовите кои се одвивле во тој момент, но самиот упад во просторијата претставува опасност, додаде Тасевски.

Тој потенцира и дека самиот објект кој се обезбедува е од државен интерес и дека начинот на кој таму се влегува е со одредени безбедносни протоколи.

-Во некоја друга држава ова би се третирало како акт на тероризам исто како што би се третирал и еден чин на недозволено влегување на било кој во еден авион на некоја авиокомпанија, појасни Тасевски.

05.01.2024 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега