Слабо англискиот во ЈСП
На социјалните мрежи се проширија фотографии на кои на донираните автобуси од Европската Унија има погрешен превод на македонски јазик во однос на налепницата која покажува „кршење на стаклото во случај на итност“.
„Во случај на итна кршина чаша“, стои во преводот на налепницата, кој е неточен.
Граѓаните решија да се пошегуваат на сметка на вработените на ЈСП, па социјалните мрежи се преполни со ваквите фотографии од налепници кои ги има на повеќе автобуси.
„Слабо англискиот во ЈСП“, Искрено, се мислам кој емотикон да го ставам. Мука ме фаќа...,, се само дел од коментарите на јавноста.
„Сакам да се пуштат тие автобусите ЕУ што ни ги поклони ама има таму да се преведе нешто, кој знаеше англиски тука у ЈСП?
- Перо магационерот шефе
- Викни го!“, стои во објавата на ИнаМногуФина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа