Ова не е видено од 1991: Младите Германци не сакаат да се женат

 

Германскиот завод за статистика „Дестатис“ објави извештај за начинот на живот на младите од 15 до 24 години во Германија, од кој се гледа дека бројот на оженети во оваа возрасна група паднал на најниско ниво од почетокот на водењето на евиденцијата, по повторното обединување на Германија во 1991 година.

Податоците покажуваат дека до крајот на 2021 година, само 136.000 лица на возраст од 15 до 24 години биле во брак, во споредба со пред десет години кога повеќе од 246.500 млади лица биле во брак или во граѓанско партнерство.

Падот е подраматичен во споредба со пред три децении, кога во таа возрасна група биле во брак повеќе од 990.000 лица што претставува 9,6 отсто од групата наспроти 1,6 отсто денеска, пренесува tribun.hr.

Бројот на млади родители во Германија, исто така, е во опаѓање, при што само 2,4 отсто (197.000) од лицата на возраст од 15 до 24 години минатата година имале најмалку по едно дете. За споредба, во 2011 година како родители биле евидентирани 3,7 отсто од оваа возрасна група (327.000), што значи дека има пад од речиси 40 отсто за само десет години.

Во мај, статистичарите известија дека просечната возраст на жените кои раѓаат за првпат се искачила на повеќе од 30 години, што е зголемување за повеќе од една година во споредба со пред една деценија и загрижувачки знак за стабилноста на населението, бидејќи е помала веројатноста жените над 30 години да имаат повеќе деца.

04.02.2025 - 18:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега