Таравари: Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, заедно со пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса денеска оствариле средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападополу и со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

На средбата, соопштија од АА, соговорниците се согласиле за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со тие договори, нивното спроведување треба да биде задолжително.

- Претседателот Таравари нагласил дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, а новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Република Грција, како мошне важен партнер на Северна Македонија, стои во соопштението од АА.

14.06.2024 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега