Се судрија мотоцикл и електричен тротинет, едно лице тешко повредено

Вчера во 21.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Блаже Конески“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(45) и електричен тротинет управуван од И.А.(38), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.А., додека Н.Т.  се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

18.06.2024 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега