Таа е хрватската Меган Маркл - „ќе ви падне вилицата“ од сопругата на хрватскиот голман

Со нетрпение го очекуваме вечерашниот дуел на Светското првенство во Катар кое завршува оваа недела.

Досега се видени многу големи и шокантни моменти, но деновиве, логично, најмногу се зборува за подвизите на Мароко и Хрватска, кои ретко кој ги виде меѓу четирите најдобри селекции на Мундијалот, особено по нивниот прилично неинтересен дуел на старт на натпреварувањето во групата Ф (0:0).

Хрватската фудбалска репрезентација доби пофалби кога ја елиминираше Јапонија на пенали во осминафиналето, но кога истото го направи и против првиот фаворит на турнирот, моќниот Бразил, ги воодушеви сите кои заборавија дека „Ватрените“ пристигнаа во Катар како светски вицешампиони. И сега се на чекор од новото финале на СП.

Момчето кое деновиве е топ тема во светот, неодамна се заколна на вечна љубов на својата долгогодишна девојка и добро познато лице на социјалните мрежи.

Голманот на Динамо Загреб доби честитки и воодушевувања од целиот свет, а меѓу оние кои им даваат најголема поддршка деновиве е неговата животна сопатничка Хелена Ливаковиќ која го бодри од трибините и во Катар.

Хелена Ливаковиќ не го задржала моминското презиме на Инстаграм и сега таа наместо Хелена Матиќ, е Ливаковиќ, а во соседството е позната и како „Хрватката Меган Маркл“ поради сличноста со војвотката од Сасекс, а со уметничко лизгање се занимава уште од детството.

Таа блескаше „на мразот“ цели 20 години, а кариерата и заврши во 2017 година бидејќи, како што вели, „веќе не се гледала себеси во тоа“. Дипломирала индустриски дизајн на Текстилно-технолошкиот факултет во Загреб.Како што еднаш истакна, одлично се сложува со својот избраник и го цени за неговата скромност.

– Дефинитивно сум импресионирана од скромноста и понизноста на Доминик. Тој е голем самокритичар, што понекогаш ме нервира, но повторно го разбирам. Можеме да кажеме дека и двајцата сме воспитани во тимски спортови, поради што нема себичност и одлично работиме како тим – истакна еднаш Хелена за хрватските медиуми.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Helena Livaković (@helenamatic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Helena Livaković (@helenamatic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Helena Livaković (@helenamatic)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Helena Livaković (@helenamatic)

13.12.2022 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега