Светските медиуми пишуваат дека убиството на Оки е нарачано

 

 

Светските и регионалните медиуми втор ден пишуваат за крвавиот инцидент во Грција во кој беше затрелан 39 годишниот Орхан Бајрами, а неговиот 45 годишен пријател беше повреден. Без да откријат идентитет, медиумите пишуваат дека станува за „нарачка“.

„Полицајците, кои сакаа да останат анонимни, бидејќи не беа овластени да зборуваат официјално за случајот што е под истрага, изјавија за Асошиетед прес дека веруваат дека станува збор за нарачано убиство“, пишува абц њуз.

Полицијата се уште трага по двајцата вооружени лица кои маскирани и на мотор се приближиле до вилата во одморалиштето Ханиоти, на околу 105 километри југоисточно од Солун, која 39-годишниот бизнисмен ја изнајмувал заедно со пријателите.

Тие се паркирале надвор, влегле во вилата и ги застрелале Орхан и неговиот пријател со најмалку 19 куршуми, соопшти полицијата.

Вчера „Макфакс“ објави дека ликвидираниот Оки и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје. Го сметаа за неформален лидер на т.н. групата „Дуќанџик“.

16.07.2023 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега