Подгответе се за дожд, потоа повторно стабилизирање на времето

 

Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР.
„Во Скопје утре наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Во следните два дена ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд во среда. Потоа продолжува периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури“, стои во соопштението на УХМР.

28.10.2024 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега