Суровата нафта најевтина од почетокот на војната во Украина - во Македонија дизелот поскапува
Цената на нафтата на светските берзи се намалува а во Македонија, поскапува дизелот.
Цената на суровата нафта на берзата во Лондон утрово се спушти на 85 долари, што е најниско ниво уште од пред почетокот на војната во Украина.
Последен пат нафта под 85 долари за барел имало на средината од јануари годинава пред да почне растот на цените.
Во Македонија денеска Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цената на дизелот да се зголеми за 1 денар по литар.
Причина за тоа е пред се фактот дека Македонија не купува сурова нафта и цените на берзата не играат голема улога. Земјава увезува рафинирана нафта па формирањето на цените оди според поинаква процедура.
Сепак, се чини дека најголем удел има растот на доларот. На пример, во јануари лани, 1 долар вредел 54 денари а денеска, цената на доларот е доближена до 64 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа