Судир на новата обиколница околу Белград: „Мерцедес“ возел во спротивен правец

 

Тешка сообраќајна несреќа се случи на новоотворената обиколница околу Белград.

Имено, возачот на „мерцедес“ е снимен како со голема брзина вози во спротивен правец, а во еден момент предизвикал сообраќајна незгода, судирајќи се со возило од спротивниот правец.

Како што може да се види на видеата објавени на Инстаграм, возачот по сударот не застанал, туку продолжил да вози додавајќи гас, додека го бркала полициската патрола.

Според информациите кои ги објавија локалните медиуми зад воланиот се наоѓал славниот Љупко Петровиќ, тренерот под чија палка белградска Црвена Звезда во 1991 година стана европски првак.

 

30.06.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега