Суботица: Пензионер ќе плаќа казна оти пијан возел велосипед
Полицијата во Суботица исклучила од сообраќајот 64-годишен велосипедист кој возел со 4,61 промил алкохол во организмот, додека законот дозволува до 0,20 промили.
Тој е задржан во службените простории на полицијата, а судија на Прекршочниот суд во Суботица му изрекол казна од 30 дена затвор, се наведува во соопштението на полицијата.
19.07.2023 - 20:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа