Студент избоден во студентски дом во Белград
23-годишен студент од Свазиленд синоќа околу 2 часот бил избоден со нож во студентски дом во Нов Белград и со тешки повреди бил примен во Земунската болница.
Како што пренесуваат медиумите во регионот од полициски извори, студентот од Свазиленд бил повреден по расправија и тепачка со колега (25) од Гвинеја.
Засега не е познато што и претходело на пресметката на двајцата студенти од Африка.
Студентот од Гвинеја кој го избол студентот од Свазиленд е уапсен, додека ранетиот млад човек со возило на брза помош е пренесен во болница во Земун – изјавил полициски извор.
Според неофицијални информации, ранетиот студент има убодна рана на стомакот и расекотини на рацете бидејќи се обидувал да му го одземе сечилото од рацете на напаѓачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа