Струшките хотели најавуваат поскапување на цените на аранжманите

Поради драстичниот пораст на цената на водата, струшките хотели и компании најавуваат повисоки цени на аранжманите и другите услуги.

 

Од почетокот на годинава таа за фирмите е поскапа за 57%, додека цената за прифаќање и отстранување фекална вода се покачи за дури 90%.

 

Од Хотелската асоцијација на Македонија најавуваат дека ќе испратат барање до општината за итна корекција на цените. Велат дека потпишувањето на договорите за сезоната 2024 во туристичката индустрија е веќе во тек.

 

„Договорите за 50% од хотелите се веќе потпишани. Во цените никогаш не можеме да предвидиме вакви поскапувања од 50 до 90%. Ние секое поскапување можеме да го искалкулираме со максимум до 20%“ - изјави Крсте Блажески- претседател на ХОТАМ.

Од Алијанса за Албанците реагираат дека Јавното претпријатие Водовод и канализација – Струга има долгови од околу 3 милиони евра. Директорот Дашмир Насуфи за новата цена вели дека одлучува Регулаторната комисија врз основа на податоците што ѝ ги доставиле. Локалната власт во Струга во април 2023 ја зголеми и цената за комунални услуги за 20%. За период од околу само една година, тоа беше второ зголемување.

05.02.2024 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега