Струјата по Нова Година нема да се зголеми за пет, туку за 10-15 %

 

Поскапувањето на струјата од 1 јануари 2023 година, ќе поскапи не за 5, туку за најмалку од 10 до 15 проценти, предупредуваат експертите за ТВ Алфа.

Поранешниот директор на РЕК Битола, Мавровски Спиро вели дека граѓаните ќе бидат најпогодени, бидејќи во месец јануари потрошувачката е најголема.

Мавровски смета дека високите сметки се пред се резултат на тоа што Македонија е увозно–зависна од електрична енергија и не произведува доволно дома. Третиот блок на РЕК Битола требало да биде пуштен во употреба уште на 1- ви октомври , но до сега ништо од тоа.

Најавените 2 трансформатори се уште не биле пристигнати. Поранешниот директор на најголемиот енергетски комбинат во Македонија смета дека одлуката да се набавува гас авансно месец за месец е резултат на нестратегиското работење на Владата, а до сега имавме среќа што не служи времето.

04.11.2022 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега