Строги контроли: 13 дискотеки добија клуч на врата
Извршени се вкупно 82 контроли со записник на дискотеки и кабареа, информираше портпаролката на Владата, Марија Митева.
Од 23 објекти со лиценца, 13 не исполнуваат минимум технички услови и се изготвуваат решенија за одземање на лиценцата и забрана за работа.
Пет со истечена лиценца работеле изминатиот период.
-Кај 30 објекти откриени се неправителности по законот за угостителска дејност. Изречени се 28 прекршочни налоз и две затворања за пречекорување на работно време што значи и платен налог, рече Митева на прес-конференција.
Инспекциите се на терен. Се прави поопсежна истрага во која се вклучени повеќе институции, МВР, Министерство за економија, трудов инспекторат. Се испитува и дали има техничка документација за сите тие објекти на територија на целата држава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа