Страшна сообраќајка пред Прилеп: Двајца прилепчани загинаа во запалениот автомобил - еден тешко повреден

Две лица од Прилеп загинаа, а едно е повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.

Сообраќајката настанала во директен судир меѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој се движел во обратен правец, кон Прилеп.

Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.

Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на две лица, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.

Екипите на полицијата и основното јавно обвинителство вршат се уште увид на лице место, а магистралниот пат Прилеп – Битола е во целосен прекин

03.10.2024 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега