Страшна сообраќајка на патот Скопје-Куманово: Меѓу повредените има и деца

 


Денеска во 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(20) од с.Орланци, скопско и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(22) од с.Арачиново, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б., а со телесни повреди се здобиле неговиот малолетен сопатник, возачот А.М. и неговиот сопатник Ф.Б.(30) од с.Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

18.02.2025 - 12:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега