Странски нецаринети автомобили затекнати во Визбегово на див отпад
Полицјата воочи неправилности во работењето на три отпади за половни возила во Визбегово.
Имено, припадници на полицијата и инспекторатот извршија контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од скопското село Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од Визбегово.
„При контролата било констатирано дека сите три отпади работат без регистрирана дејност, односно фирма во Централниот регистар, без дозвола за работа од Министерството за животната средина и природата, а биле затекнати и повеќе различни типови нецаринети возила со странско потекло“, соопшти МВР.
За сите констатирани недостатоци, против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа