Стојанче Ангелов е номиниран за Маж на годината: Малку забава секогаш е добродојдена
Директорот на Центарот за управуваање со кризи, Стојанче Ангелов е номиниран во натпреварот Маж на годината според социјални медиуми за 2024! Веста ја сподели директорот на социјалната мрежа Фејсбук.
Малку забава секогаш е добродојдена, напиша Ангелов на ФБ.
Победникот ќе биде оној кој ќе собере најмногу лајкови на неговата фотографија, а директорот се држи добро меѓу првите.
Во овој натпревр номинирани се повеќе инфлуенсери, јавни личности, актери и стенд ап комичари.
18.11.2024 - 17:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа