Стоилковски среде прес-конференција на Димитров: „Кажете што правевте со Дака“? (ВИДЕО)

Денеска додека траеше изјавата на Димитров, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се уфрли во неговата изјава и го запраша дали ќе поднесе во Обвинителството да се испита содржината на снимката објавена на Јутјуб меѓу црногорскиот бизнимен Миодраг Давидовиќ и Зоран Милески Кичеец.

-Како што гледате почитувани граѓани, имаме и упад во прес-конференција не баре ова е дебата. Ова само покажува уште еднаш дека основната кауза на опозициската ДПМНЕ  е да бега од правда. Овој театар очигледно покажува најпластично зошто упаѓате. Јас пред некој ден кажав дека опозицијата прави шум за да не ја слушнат граѓаните вистинската порака. Еве и на камера како се случува овој шум, рече Димитров.

Повтори дека ќе има правда за граѓаните и оти, како што наведе, нема да се симнува на тоа ниво.

-И покрај сите ваши театри и обиди ќе има правда тогаш кога убедливо ќе бидете поразени и кога вашата агенда да немате одговорност, почесниот претседател да ви бега од правосилна пресуда. Ми треба посебен човек што ќе ми води евиденција против кого се води истрага, против кого има обвинение и против кого има правосилна пресуда. Зборот правда бара образ и ќе го добиете. Граѓаните ќе ја добијат правдата. А на ова ниво нема да паѓам. Ви благодарам што се појавивте, му одговори Димитров на Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега