Полицијата им пронајде дрога: 18-годишник и малолетник завршија во полициска станица


Вчера во 12.10 часот во Градскиот парк во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.С.(18) и малолетник, двајцата од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

10.05.2024 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега