Стефковски: Мојата цел е Гази Баба без кал
Во буџетот за 2023 година обезбедуваме 73.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на улици, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалната мрежа Фејсбук.
„За првпат во историјата на општината се определуваат 73.000.000 денари за асфалтирање на улици.
Моја јасна определба е Гази Баба без кал, а тоа значи до крајот на мандатот да нема неасфалтирана улица во општина Гази Баба“, стои во објавата на градоначалникот Стефковски.
22.12.2022 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа