Убиен првиот геј имам во светот
Мухсин Хендрикс, пионерска личност за која се верува дека е првиот геј имам во светот, е убиен во Јужна Африка.
57-годишниот свештеник раководел со џамија во Кејп Таун, која била наменета да биде безбедно засолниште за хомосексуалците и другите маргинализирани муслимани.
Тој беше убиен во саботата наутро, откако автомобилот со кој патувал бил нападнат од заседа во близина на градот Гкебера на југот на земјата.
„Двајца непознати осомничени со покриени лица излегле од возилото и почнале да пукаат во возилото“, се вели во соопштението на полицијата.
Џулија Ерт, извршен директор на Меѓународната асоцијација за лезбејки, геј, бисексуалци, транс и интерсексуалци, ги повика властите темелно да го истражат „она што се плашат дека е злосторство од омраза“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа