Полицијата влезе во Кичево - Запленето оружје

 

Македонската полиција влезе во Кичево каде изврши претрес во домовите на двајца кичевчани и пронајде оружје.

Според информациите на МВР,во текот на вчерашниот ден полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на 30-годишниот И.Џ. и 22-годишниот Р.Ч. од кичевското село Црвинци.

При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. При претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
 

18.02.2025 - 10:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега