Старец крадел градежни материјали во Охрид
66-годишен охриѓанец е уапсен откако полицијата го фатила како краде градежни материјали од објект во градба.
-Вчера во 20.40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Т.В.(66) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба од објект во изградба на улица „Кленоец“ во Охрид, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
14.02.2024 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа