Српски авион тргна кон Македонија
Авион на српската армија со четворица лекари и четворица медицински техничари се упати кон Република Северна Македонија за медицинска евакуација на повредените во синоќешната несреќа во Кочани, јави МИА од Белград.
Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во ВМА и Клиничкиот центар на Србија, соопшти српското МО.
Двајца пациенти кои со воени амбулантни возила биле пренесени од Северна Македонија се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. Тројца пациенти се превезуваат со брза помош и ќе бидат примени на ВМА.
За да им се пружи помош на повредените, планирано е во Северна Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог), како и медицински техничар-инструментар
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа