Српската водителка го остави микрофонот и плата од 800 евра: Сега берам малини
Српската водителка Јелена Мачиќ го промени животот од корен, па така својата професија како водител ја замени со приватен бизнис - берење малини.
Откако престана да работи како водител, таа се посвети на барењето малини, а често објавува фотографии на социјалните мрежи од новиот начин на живот.
- "Се посветив на малините. Црвено злато", рече во минатото Јелена Мачиќ, објавувајќи една фотографија од малини.
Таа ја прекина соработката со телевизијата Happy на која што работеше, а јавно неколку пати истакна дека и платиле се што и должеле и немала никаков проблем, па тоа не било причината за да си го промени животот од корен.
- Мојата плата беше 800 евра, јасна беше Јелена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа