Средствата собрани на Аматерскиот хуманитарен велеслалом Маврово 2024 за лекување на Леонид Индов

 

Со пријава тим на Аматерски хуманитарен велеслалом Маврово 2024, кој ќе се одржи викендот од 1 до 3 март, компаниите годинава ќе го поддржат лекувањето на младиот Леонид Индов.

Организаторот годинава одлучи средствата за донација од 22. Хуманитарен велеслалом да бидат наменети за лекување на Леонид, кој во несреќа на летување го повреди вратниот пршлен и остана неподвижен.

Леонид во моментов е на лекување во во центарот за повреди во Меидлинг-Виена, Австрија, но лекувањето чини околу 300 илјади евра, а на семејството му е неопходна помош од секој добронамерен човек. Младото момче не е во можност да ги движи рацете и нозете и дише со помош на респиратор.

Донациите одат на сметката на Леонид Индов:

Целосен назив: Леонид Индов

Трансакциска сметка: 210-7000006805-91

Банка: НЛБ Тутунска Банка

Според организаторот на донаторската акција, Ресорт Маврово секоја компанија може да пријави еден или повеќе тимови, но тимот мора да биде составен од 3 учесници, само скијачи, само бордери или мешано. За пријава треба да се прати маил на [email protected] со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 22 ри АХВМ.

Котизацијата за секој пријавен тим изнесува 12.000 денари.

18.02.2024 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега