Средба на министерот Спасовски со шведката амбасадорка Ларсон Џаинг

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со Ами Ларсон Џаинг, амбасадорка на Кралството Шведска, придружувана од нејзината заменичка Биби Грамсон.

-Министерот Спасовски посака срдечно добредојде на амбасадорката Ами Ларсон Џаинг, посакувајќи ѝ успех на новата позиција и изразувајќи благодарност на поддршката што Кралството Шведска ја дава на Република Северна Македонија во евроинтегративниот процес, на патот кон полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, соопштуваат од МВР.

Амбасадорка Ами Ларсон Џаинг информирала дека Шведска го презема претседавањето на Советот на ЕУ и посебно нагласила дека безбедносните случувања во Западен Балкан се важни за регионот и за ЕУ, како и дека шведското претседателство ќе го продолжи процесот на интеграција на земјите Западен Балкан, односно дека иднината на овие земји е во Европската Унија.

-Двајцата соговорници на средбата констатираа дека соработката меѓу двете земји е на завидно ниво, а во наредниов период заеднички ќе продолжат да го одржат тој континуитет, но и ќе работат на интензивирање на сегментите кои се од значење на двете држави, велат од МВР.

02.02.2023 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега