Средба Муцунски –Баумгартнер: Во фокусот привлекувањето поголеми француски инвестиции во нашата земја

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Сирил Баумгартнер.

На средбата беше истакнато заемното задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат, со фокус на идното продлабочување на економската соработка и привлекување поголеми француски инвестиции во нашата земја.

Муцунски го запозна Амбасадорот со приоритетите во работењето на новата Влада, посветеноста кон исполнување на реформската Агенда,со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.

При тоа, Муцунски се заблагодари на досегашната силна поддршка на Франција за нашите аспирации за членство во ЕУ,  истакнувајќи ја неопходноста од забрзување на нашиот евроинтегративен процес, што е во насока на консолидирање на економската, политичката и безбедносната стабилност на земјава, но и на Регионот.

05.07.2024 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега