Србија го вклучи метео алармот: Се најавува опасно време од високи температури
Поради високите температури во цела Србија е на сила портокалов метео аларм што укажува на опасно време.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) предупреди дека силен и долготраен топлотен бран денеска ќе услови максимални температури од 33 до 37 Целзиусови, а од утре до крајот на неделата од 35 до 40 степени.
На подрачјето на Белград максималната температура денеска ќе се движи околу 35 степени, а од утре до крајот на неделата од 37 до 40 Целзиусови степени.
09.07.2024 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа