Спречен обид за шверц на 126 литри прекурзори за производство на дрога
Инспектори од мобилните царински тимови Секторот за контрола и истраги при претрес на патничко моторно возило управувано од словачки државјанин, при влез на ГП Табановце пронајдоа и запленија поголема количина на прекурзори за производство на дрога.
„Имено, на ден 10.12.2023 година на граничниот премин Табановце за влез во Република Северна Македонија при преглед на патничко моторно возило со словачки регистарски ознаки во багажниот простор од страна на царинските инспектори пронајдени се четиринаесет лимени канти со вкупно 126 литри прекурзори на дрога од кои 10 лимени канти со налепница TOLUEN LAKARSKY со тежина од по 9 литри и четири лимени канти со налепница ACETON со тежина од по 9 литри. По извршено вештачење на стоката, утврдено е дека се работи за прекурзори кои се користат за производство на некои видови на дроги како кокаин, хероин и амфетамински тип на дроги“, известува Царинската управа.
Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа