Специјалците од КФОР и ЕУЛЕКС се распоредени на терен по убиството на косовски полицаец

 


Припадници на американскиот КФОР и ЕУЛЕКС се распоредија на терените откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско кај Лепосавиќ, во северно Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањско, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец. Курти вели дека истрелите од огнено оружје продолжуваат и натаму утрово. Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

Блокирани се сите приоди кон селото Бањско од правец на Лепосавица, Зубин Поток и Звечан. Како што дознава Косово онлајн, премините Јариње и Брњак се блокирани.

 

24.09.2023 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега