Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната - скршил четири ребра

 


Осуденикот  за 27 април Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната од два месеци поради сериозни здравствени проблеми.

Откако претходно судот го одби неговото барање, тој беше вратен во затвор со скршени ребра, што предизвика силен притисок од јавноста. Адвокатот на Ангелов, Драган Пешевски, објави дека му се скршени четири ребра, од кои едното со дислокација.

„Притисокот од јавноста се исплатеше. На Горан Ангелов-Ќосето му е дозволен прекин на издржувањето на затворската казна во траење од два месеци за кои можеби ке побараме продолжување со оглед на тоа дека излезе дека му се скршени 4 ребра (не три) од кој едното со дислокација. Криво ми е што и во ваква ситуација се во државава мора да иде на сила и некој да биде јавно објавен за да постапи!!! Фала ви на сите за споделувањето, значително помогнавте!!!“ напиша на Фејсбук Драган Пешевски, адволат на Горан.

17.02.2025 - 16:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега