35-годишник дивеел со „голф“ во Дебар: Возел со 56 км/ч повеќе од дозволеното
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.Ш.(35) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување моторно возило“.
При радарска контрола во патниот сообраќај, извршена на 25.01.2025 кај месноста „Сушара“ во Дебар, полициските службеници утврдиле дека тој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со брзина од 56 км/ч повеќе од дозволеното, при што постапил спротивно на членот 35 став 3 од Законот за безбедност во патниот сообраќај.
17.02.2025 - 15:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа