Спасовски за „360 степени“: Справувањето со хибридните закани и лажните дојави за бомби го зголеми капацитетот на институциите

 

Во интервјуто за „360 степени“ на темата околу хибридните закани со лажните дојави за бомби министерот Спасовски образложи дека добар дел од тие групи веќе се откриени и процесуирани.

„Околу шест групи коишто праќаа дојави за закани, од државата се откриени, обезбеди се сите докази против нив и процесуирани се во јавното обвинителство. Најголемиот дел од дојавите и заканите коишто беа направени, беа реализирани преку VPN конекции, и таму не можеме да обезбедиме докази. Тоа е вистинска пречка не само за нас, туку и за сите меѓународни институции со коишто ние соработуваме како Интерпол, Европол итн. Има одредени информации во јавното обвинителство дека некоја од тие групи соработувала со надворешни групи, а еден дел од нив се од разни причини, можеби заради љубопитност и авантуризам...“, рече Спасовски, додавајќи дека најважно е што за сите се обезбедени докази, кои се процесурани во Јавното обвинителство.

„Важно е дека низ целиот тој процес на такви хибридни закани, порасна капацитетот на институциите, направивме промена во протоколите и начинот на третирање на овие закани и документи, а токму промените во тие протоколи овозможија да спласнат и да ги снема ваквите хибридни закани“, одговори министерот Спасовски.

09.10.2023 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега