Спасовски: Случајот во Охрид е сценарио и дел од хибридната војна

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за последниот случај во Охрид смета дека е сценарио и дел од хибридната војна. Тој во емисијата „Утрински печат“ кажа дека „од иста групација се и тие што тепаат и тие што се тепани“.

– Луѓе од иста групација се и тие кои тепаат и тие кои се тепани. Тоа ја докажува таа хибридна војна. За секое инкриминирачко дејство што се прави државата реагира во овој дел и ние кажуваме дека не може во ниту еден момент, ниту еден граѓанин, без разлика на национална, верска, политичка и која било друга припадност да биде физички нападнат и да биде малтретиран. На тоа државата јасно ќе се спротивстави и ќе преземе мерки какви што презема и во овој случај, рече Спасовски.

Тој посочи дека за овој случај многу лажни вести се шират дека полицијата не реагирала кога било пријавено.

– Веднаш откако е пријавено, полицијата отиде во болница да види што се случува, да земе изјави итн. Исто и од страна на болничките центри се преземени мерки за првично згрижување на пациентот, вели Спасовски.

27.01.2023 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега