Спасовски: Нови 20 интервентни комбиња, ги модернизираме средствата неопходни за ефикасно и квалитетно извршување на полициските задачи

 

Во Полицискиот Центар Ѓорче Петров, беа промовирани 20 интервентни комбиња наменети за потребите на сите Сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, а кои се опремени со најнова високософистицирана опрема согласно поставените високи стандарди на работа на македонската полиција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во оваа прилика истакна дека стратешката поставеност на Министерството за внатрешни работи ги донесе посакуваните резултати во делот на подобрување на техничко-материјалните капацитети на македонската полиција, за континуирано модернизирање и надградба на средствата и опремата коишто се неопходни за ефикасно и квалитетно извршување на работните задачи на полициските службеници.

11.12.2023 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега