Серија апсења во Скопје - приведени девет лица


Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата приведе  девет лица на територијата на Град Скопје.

Денеска во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(42) од село Студеничани, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. 

Вчера во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 
 
Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 
 
Вчера во 21.40 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 
 
Вчера во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Љ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 15.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Р.(25) и К.К.(36) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 18.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 16.40 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го привеле К.Л.(22) од Косово, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека истиот го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.  

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

30.09.2024 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега