Спасовски: И Арачиново добива градинка, ние продолжуваме со капитални проекти за нова развојна економија и повисоки плати и пензии

Овде во Арачиново, покажавме дека е можен и соживот и грижа за сите и денес најавувам уште повеќе инвестиции за рамномерен регионален развој и со тоа и нови работни места и повисоки плати и пензии за сите, во брзата трансформација на економијата што следува.Арачиново за првпат добива градинка, ќе ја добие првата градинка, за којашто заокружувањето на проектната документација е во завршна фаза.

Ова денеска во скопско Арачиново го истакна носителот на кандидатската листа на Коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски, додавајќи дека општина голема колку Арачиново со години била оставена без детстска градина.

-А ние, во државава - за само три години инвестиравме во градба и реконструкција на 44 градинки и определни се нови 15 милиони евра за заокружување на 70 новоизградени објекти  за градинки. Градиме и канализационен систем долг над 10 километри (10.1) во Арачиново, што е во тек и инвестираме 106 милиони денари. За изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, само во општините во ИЕ 2 вложивме 814 милиони 441 илјада 489  денари, рече Спасовски.

Вели дека досега интензивно се работеле на локалната инфраструктура, а почната е изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации.

-Ниту еден капитален проект не дозволивме да запре за време на здравстено-економската криза и продолжуваме и уште повеќе и уште подобро, со цел 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во следниот мандат, повисоки пензии и нови работни места. Ние ги насочуваме пари кон граѓаните и се грижиме за сите – на дело. Режимот на Груевски обновен во Мицкоски знае само за поделби и насочува пари само во сопствени џебови. Затоа на овие избори ќе ја оставиме ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, прво самите себе да се обноват. И на овие избори, на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ќе им се придружи и ДУИ, бидејки по 17 години власт немаат што да им кажат на граѓаните и затоа излегуваат со обновен национализам. Режимот и национализмот ги оставивме во мрачните времиња на минатото – тие се опасност, а ние продолжуваме заедно, во сигурна иднина, по правиот пат бидејки Можеме, бидејки покажавме дека можеме а во наредниот период можеме уште повеќе и уште подобро, рече Спасовски.

Спасовски: И Арачиново добива градинка, ние продолжуваме со капитални проекти за нова развојна економија и повисоки плати и пензии

Posted by Press24.mk on Monday, 29 June 2020

29.06.2020 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега