Спасена жена во Кабул: 25 години била затворена и мачена во темна соба
Полицијата спасила жена што 25 години била затворена во темна соба во главниот град на Авганистан, соопшти Министерството за внатрешни работи на талибанците.
Според вознемирувачките фотографии објавени од Мнистерството, жената била чувана во соба полна со ѓубре. Ѝ давале храна преку прозорецот.
„Таа се чувствува несигурно и исплашено кога ќе види други луѓе“, рече портпаролот на Министерството, Абдул Матин Кани, опишувајќи ја нејзината мака.
Жената е згрижена во болница во Кабул откога добила психички и физички повреди. Неисхранета, таа исто така има тешка анемија, рече докторот. Нејзините коски се истрошени, а зглобовите ѝ се оштетени, велат лекарите. Таа страдаше со години по разделбата од својот прв сопруг, со дополнителни проблеми, вклучувајќи неплодност, злосторства на нејзините браќа и спор за наследството, соопшти полицијата.
Тие уапсиле четири члена од нејзиното семејство, меѓу кои и нејзиниот брат и внуците. Полицијата соопшти дека случајот е под истрага.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа