Полицијата во акција - апсеше во Скопје, Штип и Прилеп

 


Полицијата апсеше на повеќе локации на територијата на цела држава.

На 09.11.2024 во 22.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Р.Турција поради тоа што околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци при извршен преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои седум од Ирак и двајца од Сирија. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

На 08.11.2024 во 12.05 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 08.11.2024 во 15.30 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.П.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 09.11.2024 во 21.50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода Џ.А.(18) од Штип, затоа што извршен преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.11.2024  во 23.50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.С (28) од Прилеп, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

На 09.11.2024 во 12.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја привеле М.В.(28) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека го пречекорила дозволениот престој во државата. Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка.

На 09.11.2024 во 08.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Г.Б.(25) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка.

10.11.2024 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега